Достапни линкови

Блер ќе ја брани одлуката за учеството во војната во Ирак


Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска ќе се соочи со прашања на јавноста поврзани со неговата одлука донесена пред речиси седум години, да испрати британски сили во војната во Ирак. На настанот се очекува да учествуваат членови на семејствата на војниците и цивилите кои беа убиени или исчезнале во Ирак. Испрашувањето ќе биде фокусирано врз разузнавањето, кое ја оправдува инвазијата во март 2003-та, како и легалноста на војната.
XS
SM
MD
LG