Достапни линкови

logo-print

Нема знаци за излез од кризата


Фабрика

Фабрика

Според дел од економските експерти податоците на Заводот за статистика за раст на индустриското производство, не е знак дека македонската економија ги надминува последиците од светската економска криза. Вакви нагли порасти не се карактеристични за македонската економија, велат експертите.

Декемврискиот раст на индустриското производство не е знак дека негативните ефекти од светската криза ги снемало од македонската економија, се согласуваат експертите и упатените. Во вторникот државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во декември 2009 бележи раст од 20 проценти во споредба со декември 2008. Вакви нагли порасти не се карактеристични за македонската економија, посочува поранешниот министер за Финансии Џевдет Хајредини:
Апсолутно такви скокови неможе да се случат, Македонија е мала и знаеме какви се промените. Тоа требало да биде во погон некој голем објект, па да дал производство


,,Апсолутно такви скокови неможе да се случат, Македонија е мала и знаеме какви се промените. Тоа требало да биде во погон некој голем објект, па да дал производство.„

Од Заводот посочуваат дека гранките кои најмногу придонеле кон порастот биле вадење руди и камен и енергетиката. Сепак, овие податоци не се знак дека кризата завршила, посочува професорот Ванчо Узунов:

,,Воопшто неможе да се заклучи дека Македонија се извлекува од кризата и дека од сега натаму ќе биде лесно.„

При толкувањето на податоците треба да се внимава и на основата за споредба, додава Узунов. Според него, во овој случај се споредуваат сегменти кои не се меѓусебно сврзани на лесно откривлив начин:

,,Ако податоците се гледаат по гранки интересно е дека само неколку гранки покажуваат поголем пораст, додека повеќето покажуваат пад, така што фактички неможеме да зборуваме дека Македонија се извлекува од кризата, туку некое
Ако податоците се гледаат по гранки интересно е дека само неколку гранки покажуваат поголем пораст
моментално движење заради било која причина и ова што е споредбата сама со 2009 година, да не заборавиме дека и декември 2008 година беше исклучително тежок месец за Макеоднија.„

Претставници од бизнис заедницата не сакаат да даваат официјални изјави, тврдејки дека податоците кои ги има понудено заводот се нејасни. Од друга страна пак, претставници на рударската индустрија веќе потврдија дека на пазарот за обоени метали веќе од крајот на минатата година се забележува раздвижување.
XS
SM
MD
LG