Достапни линкови

НАТО силите убиле свештеник во Авганистан


Авганистанските официјални лица соопштија денеска дека НАТО силите убиле еден свештеник, што резултирало со протести на локалното население пред американската воена база во главниот град Кабул. Полицијата објави дека демонстрантите го напуштиле местото откако НАТО им ветил дека за инцидентот ќе разговара со локалните старешини. Алијансата потврди дека нејзините војници убиле еден цивил и дека заедно со авганистанските официјални лица ја истражуваат причината за убиството.


XS
SM
MD
LG