Достапни линкови

Францускиот суд го ослободи од обвиненијата Вилпен


Францускиот суд денеска пресуди дека поранешниот премиер Доминик де Вилпен не е виновен за обид за дискредитирање на тогашниот министер за внатрешни работи и сегашен претседател на Франција, Никола Саркози. Обвинението датира уште до 2004 година кога тие беа ривали за наследник на тогашниот претседател Жак Ширак. Пресудата е голема победа за Вилпен, кој твредеше дека е невин и дека е жртва на политичката одмазда на Саркози.
XS
SM
MD
LG