Достапни линкови

Македонските партии би поддржале резолуција за Сребреница


Собрание на РМ
Собрание на РМ

Македонските политички партии велат дека би поддржале донесување на резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница. Вчера евроамбасадорот Фуере и европатеничкот Кацин го повикаа македонското Собрание да ја усвои резолуцијата. Македонија е единствената земја од поранешна Југославија која сеуште не го сторила тоа.

Најголемите македонски политички партии би подржале резолуција за осуда на геноцидот во Сребреница, но од нив нема конкретни најави дека некој ќе поднесе таков предлог. Поранешниот премиер и пратеник на опозицискиот СДСМ, Владо Бучковски вели дека геноцидот во Сребреница мора да биде осуден.
Македонија и досега и од сега треба да остане во редот на држави кои што ги заштитуваат врвните хумани стандарди и принципи и од тој аспект и ВМРО ДПМНЕ како одговорна политичка партија ќе застене во редот на политичките партии кои што би поддржале една таква резолуција


,,Објективно гледајќи со каков пиетет гледаме на жртвите од Холокаустот, како на 65 години од таа трагедија сите се обидуваме да извлечеме некои поуки да не се повтори, за жал на просторите на поранешна Југославија се случи уште еден геноцид и тој мора да биде осуден."

Европратеникот Јелко Кацин и амбасадорот Ерван Фуере го повикаа македонското Собрание да ја усвои резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Македонија е единствената земја од поранешна Југославија која нема усвоено ваква резолуција. Пратеникот Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека секоја одговорна политичка партија треба да ги осуди злосторствата против човештвото.

,,Македонија и досега и од сега треба да остане во редот на држави кои што ги заштитуваат врвните хумани стандарди и принципи и од тој аспект и ВМРО ДПМНЕ како одговорна политичка партија ќе застене во редот на политичките партии кои што би поддржале една таква резолуција."

Пратеникот Авдија Пепиќ од Странката за демократска акција на Македонија вели дека, како претставник на Бошњаците во македонскиот парламент, несомнено би подржал таква резолуција.
Не само што размислувам туку веќе имам и покренато одредени контакти внатре во владината коалиција каде ќе добијам сигурна поддршка


,,Не само што размислувам туку веќе имам и покренато одредени контакти внатре во владината коалиција каде ќе добијам сигурна поддршка, а очекувам поддршка и од останатите политички партии."

Европратеникот Кацин ги повика македонските пратеници да докажат дека не се плашат од евентуална негативна реакција од Белград.
Бучковски вели дека и до сега не се работело за страв од Белград и за некаква калкулација.

,,Искрено речено јас и ви споменав дека вчера за прв пат се соочив со фактот дека ние ја немаме поддржано оваа резолуција."

Од друга страна, пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија вели дека осудата треба да се однесува за сите жртви од војната во БиХ, а не само за тие од Сребреница.

,,Таква резолуција со урамнотежен пристап да, меѓутоа еднострани резолуции во кои ќе се зборува само за едната страна како жртва на конфликтот итн, тогаш тоа не доаѓа во предвид да го поддржам, ниту Србите во Македонија би го поддржале тоа."

Се очекува и Србија да усвои ваков текст наредниот месец.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG