Достапни линкови

logo-print

Во Лондон почна конеференцијата за Авганистан


Британскиот премиер Гордон Браун на денешното отворање на меѓународната конференција за Авганистан што се одржува во Лондон изјави дека очекува во текот на годинава меѓународните сили да бидат способни да го започнат процесот на предавање на одговорноста на авганистанските сили за безбедноста во земјата. Браун вчера и се приклучи на германската канцеларка Ангела Меркел во поддршката на планот од неколку стотици милиони долари со кој на умерените талибанци ќе им бидат понудени работни места со цел да се откажат од насилство. Талибанците го отфрлија планот за помирување како трик и повторно побараа целосно напуштање на странските сили од Авганистан.
XS
SM
MD
LG