Достапни линкови

Преживеаните од Сребреница ги тужат ОН и Холандија


Во Апелациониот суд во Хаг денеска почна расправата за тоа дали преживеаните во Сребреница можат да ги тужат Обединетите нации и Холандија поради нивните одлуки за време на масакрот во 1995 година. Сребреница беше прогласена за безбедносна зона под заштита на холандските мировници кога силите на босанските срби влегле во градот и масакрирале околу 8 илјади муслимански цивили. Групата ,,Мајки од Сребреница,, ги обвини Обединетите нации и Холандија затоа што не го спречиле масакрот. Судот се очекува да донесе пресуда за тоа дали холандската држава има имунитет во овој случај.
XS
SM
MD
LG