Достапни линкови

logo-print

Нема пречки за продажба на оружје на Иран


,,Не постојат пречки за воената соработка меѓу Русија и Иран и покрај тензиите што во светот ги предизвикува иранската нуклеарна програма,,. Ова, како што јавуваат руските медиуми, го изјавил директорот на руската државна агенција за извоз на оружје Анатолиј Исајкин. Тој прецизирал дека сегашните санкции на Обединетите нации не се однесуваат и на продажбата на оружје на Иран. До оваа негова изјава доаѓа само ден откако шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави дека Москва би можело да го поддржи воведувањето поостри санкции против Иран.
XS
SM
MD
LG