Достапни линкови

Нови 8 жртви од студеното време во Полска


Во Полска во текот на изминатото деноноќие од студенето време умреле осум луѓе, соопшти владиниот центар за безденост во Варшава. Со тоа бројот на жртвите во Полска во оваа зима изнесува 229. Покрај температурите до минус 30 степени, Полска, Чешка и Словачка се зафатени со силни снежни врнежи кои го парализираат патниот и железничкиот сообраќај, како и снабдувањето со електрична енергија и вода.
XS
SM
MD
LG