Достапни линкови

Во Иран двајца егзекутирани за изборните немири


Иранските медиуми јавуваат дека во Иран денеска биле егзекутирани две лица за организирање на уличните протести до кои дојде по спорните претседателски избори во јули минатата година. Тие, според наводите, биле меѓу 11 луѓе кои се осудени на смрт под обвинение дека сакале да го урнат исламскиот систем на владеење. По спорниот реизбор на претседателот Махмуд Ахмадинеџад, Иран падна во најдлабоката внатрешна криза од Исламската револуција во 1979 година. Агенциите јавуваат дека казните биле извршени со бесење.
XS
SM
MD
LG