Достапни линкови

Меѓународна конференција за Авганистан


Денеска во Лондон ќе биде одржана меѓународна конференција посветена на иднината на Авганистан. „Идната политика на НАТО во Авганистан“ ќе биде темата на конференцијата, која ќе се одржи на ниво на шефови на дипломатии на земјите- членки на Алијансата и на земјите- учеснички во мировната мисија ИСАФ. На конференцијата, на која ќе присуствуваат и британскиот премиер Гордон Браун, претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, се очекува да биде промовирана „програмата за интеграција“ со која ќе и се помогне на владата во Кабул да изнајде начин за излез од сегашната состојба на насилство. На собирот ќе учествува и македонска делегација, предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
XS
SM
MD
LG