Достапни линкови

logo-print

Медведев и Обама се договориле за намалување на нуклеарното оружје


Рускиот претседател Дмитри Медведев и неговиот американски колега Барак Обама телефонски разговараа за намалување на нуклеарното оружје и се договорија да потпишат документ кој тоа ќе го гарантира. Во извештајот објавен на официјален вебсајт на Кремљ се вели дека во разговорот и двајцата лидери се согласиле набрзо да потпишат Договор за намалување на стратегиско оружје. На веб страната, разговорот е окарактеризиран како "конструктивен" со цел подобрување на односите на Америка и Русија.
XS
SM
MD
LG