Достапни линкови

Згoлемени цени за закуп на тезга во Прилеп


Тезги со текстилни и други производи

Тезги со текстилни и други производи

Јавното претпријатие ,,Пазари" од Прилеп ја зголеми за околу 75% цената за закуп на тезги на пазарот во градот. Трговците реагираат дека цената и досега била превисока во однос на условите што им се нудат.

Дел од 170-те трговци со текстил во прилепскиот пазар реагираат затоа што јавното претпријатие „Пазари„ ја зголеми цената на закупнината за тезгињата речиси за 75 отсто. Наместо досегашните 2000 денари месечен закуп за едно тезге, сега трговците треба да плаќаат и по 3500 денари. Тие се жалат дека цената и досега била превисока во однос на условите што им се нудат. Велат пазарот не е покриен, дува ветер, им студи, врне врз низ и стоката од сите страни, па наместо да оставарат заработувачка, тие фрлаат дел од
По што две тезги еве ги држам, ми е скапо,мислам дека со тие и дуќан, ама услови за дуќан немаме, дури и оваа сума едвај ја издржуваме. Оти поголем дел овде сме што од овде живееме, по двајца невработени
производите кои што постојано се оштетуваат.

,,Врне, грми..ние кога за најлон, кога за платно нешто даваме пари, немаме од што. Ние само кружиме, кола ни се расипала, дефект остануваме, патарини, ние сме веќе блокирани, а испуштени од работа сите се, кои испуштени, кои ич не се вработени, деца, фамилија сите гледаме од тука."

Реагира Божана Апостолоска, една од закупците на тезгињата за текстил.
Незадоволни се и Јулијана Совиноска и Маре Тодороска. Тие плаќаат месечна закупнина од 4000 денари зашто држат по две тезгиња. Од скромната заработувачка велат дека не ќе можат да оддвојат уште 3000 денари, зашто тогаш ќе ја скусат храната, да не ги плаќаат другите давачки од домаќинствата.

,,По што две тезги еве ги држам, ми е скапо,мислам дека со тие и дуќан, ама услови за дуќан немаме, дури и оваа сума едвај ја издржуваме. Оти поголем дел овде сме што од овде живееме, по двајца невработени."

,,Висока е цената, вистина за овие услови, за овде и со снег и со дожд и со се."
Висока е цената, вистина за овие услови, за овде и со снег и со дожд и со се

На новата одлука на „Пазари„ реагира и општинската организација на СДСМ.

,,Дали јавното претпријатие „Пазари„ со овој удар по празниот џеб на граѓаните, кои преживуваат од продажбата на текстил и бижутерија, има за цел да го полни буџетот на претпријатието или пак овие дополнителни средства ќе ги употребат за подобрување на условите во кои работат закупците."

Изјави Драган Миноски од општинската организација на СДСМ. Директорот на „Пазари„ Пецо Димоски вели дека во догледно време тезгињата ќе бидат дислоцирани, така што ќе бидат обезбедени соодветни услови за работа. Дополнителната инвестиција вели ќе биде финансирана од средствата кои ќе се инкасираат со новата цена на закупнината.

,,Се образложува зголемувањето на цената, што оваа цена е многу пониска, споредена со цените на истата услуга на пазарите во Република Македонија. Тука се пазарите во Битола, Куманово, Скопје, Струмица. Оваа цена е најниска споредена со цените на услугите во нашиот пазар како кај бавчанџиите, јајца, пиљари..каде што цената се движи од 4000 до 4700 денари по продажно место."

Но, тезгаџиите се закануваат со протести и се категорични дека нема да плаќаат закуп по нови цени, зашто тие пари неможат да ги заработат.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG