Достапни линкови

Десетици луѓе му одаваат почит на Хемичарот Али во Ирак


Во Ирак десетици луѓе се собраа денеска пред гробот на Али Хасан Ал Мајид познат како Хемичарот Али да му одадат почит, три дена по неговата егзекуција. Тој беше погребан вчера во близина на гробот на неговиот роднина, поранешниот диктатор Садам Хусеин. Ирак на 17 јануари го осуди Мајид на смртна казна, поради убиството на илјадници Курди во Халабџа во осумдесетите години на минатиот век.

XS
SM
MD
LG