Достапни линкови

Двајца германски дипломати уапсени во Иран?


Иранските медиуми соопштија денеска дека двајца германски дипломати се уапсени поради нивната наводна вмешаност во опозициските протести во декември. Медиумите цитираа неименуван заменик на министерот за разузнавање кој изјавил дека дипломатите се обвинети за организирање на протестите на празникот Ашура, кога опозициските демонстранти се судрија со иранските безбедносни сили. Не се знае точно дали тие се упасени или само се наоѓаат во притвор.

XS
SM
MD
LG