Достапни линкови

logo-print

Состанок на азиските земји и Русија за заштита на дивите тигри


Претставници на азиските земји и Русија ќе се сретнат денеска во Тајланд да разговараат за заштита на дивите тигри на нивната територија. Целта на три дневната конференција ќе биде тие да се договорат за монетарен залог за конзервација на тигрите и зачувување на нивната популација. Во светот има само неколку илјади такви тигри. Претседателот на Светска банка, Роберт Зоелик соопшти дека тигрите се пример за кризата во биоразновидноста во Азија. Разговорите во Тајланд ќе бидат финализирани во септември на самитот во Владивосток.


XS
SM
MD
LG