Достапни линкови

Европратениците ги изгласаа амандманите за Македонија


Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска ги изгласаа амандманите на Извештајот за Македонија, кои ги поднесе европратеникот Зоран Талер во кои се бара земјата во март да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Талер соопшти дека гласањето е политички сигнал од Парламентот кон Комисијата и Советот на унијата, а пред се за властите на Скопје, Атина и Софија. Од 56 европратеници, пет гласале против, а пет биле воздржани. Одложувањето на стартот на преговорите за Македонија од страна на Советот на министри во декември како што изјави Талер може да ги влоши меѓуетничките односи и да има негативни последици врз стабилноста на регионот. Меѓу 80-те амандмани се и оние на бугарските и грчките пратеници со кои се бара посилна формулација за одржувањето добрососедски односи и се повикуваат властите во Македонија да се воздржат од провокации кон соседите.
XS
SM
MD
LG