Достапни линкови

Бугарското собрание ќе гласа за двајца нови министри


Бугарското Народно собрание денеска ќе гласа за избор на нови министри за надворешни работи и одбрана на земјата. Бугарскиот премиер Бојко Борисов го предложи за нов шеф на дипломатија на местото на Румјана Желева, актуелниот министер за одбрана Николај Младенов, а за наследник на неговата функција Ању Ангелов. Бугарската социјалистичка партија и Движењето за права и слободи најавија дека ќе гласаат против изборот на премиерот.
XS
SM
MD
LG