Достапни линкови

Што ќе донесе посетата на Нимиц?


Медијаторот Метју Нимиц при последната посета на Скопје

Медијаторот Метју Нимиц при последната посета на Скопје

Македонија и Грција упатија покани до медијаторот Метју Нимиц за посета на регионот. Датумот за сега не е утврден. Според експертите, во изјавите на грчкиот премиер Папандреу кој рече дека е дојден момент да се направи чекор напред нема ништо ново. Тие сметаат дека Грција останува на своите позиции.

Од оваа дистанца не може да се определат очекувањата од наредната посета на Нимиц на регионот којашто се најавува за крајот на февруари или почетокот на март. Дел од формалното ветување дека процесот ќе продолжи. велат познавачите, коишто не се надеваат
Во последниве недели тој беше во контакт со двете страни и Владите од двете земји, не само Грција го поканија да го посети регионот. Во овој момент не се дефинирани датуми
на нови позииции кои би довеле до приближување на двете страни во во овој момент. Тој доби покана од двете страни, не само од грчката велат од канцеларијата на медијаторот, но точниот датум на средбата како и тоа дали таа ќе биде одвоена или заедничка сеуште не е утврдено.

„Во последниве недели тој беше во контакт со двете страни и Владите од двете земји, не само Грција го поканија да го посети регионот. Во овој момент не се дефинирани датуми“

изјави портпаролката на Медијаторот Нимиц Ванина Мејспрачи

Од македонското МНР потврдуваат дека поканата до Нимиц е испратена уште во декември а како последица на извесната доза на разочарување кај медијаторот од изнесените дијаметрално спротивни позиции на двете страни при последната средба. Очекуваме прагматичен пристап од грчката страна и вистинска волја да се преговара, изјавија од МНР. Во меѓувреме мразот на двомесечниот застој на процесот треба да го скрши средбата Милошоски Друцас којашто е најавена за утре
Грција не кажа ништо ново, напротив, потврди дека се залага за решенија, ама тие решенија треба да бидат оние коишто таа ги предлага, односно име за севкупна употреба
попладне во Лондон. На македонска страна нема значајни очекувања од оваа средба освен да се видат позициите на Грција. Нема очекувања ниту од вчерашните изјави на грчкиот премиер во Стразбур. Моментот е дојден да се направи чекор нанапред изјави Папандреу пред Советот на Европа. Поранешнито министер за надворешни работи Слободан Чашуле вели дека во настапот на Папандреу немало ништо повеќе од дипломатска изјава.

„Во која Грција не кажа ништо ново, напротив, потврди дека се залага за решенија, ама тие решенија треба да бидат оние коишто таа ги предлага, односно име за севкупна употреба.“

Очекувањата се дека меѓународните притисоците за изнаоѓање решение ќе растат се до крајот на овој новоопределен рок од шест месеци. Дипломатските апели продолжуваат. Секое одложување на решенето може да доведе до дестабилизација, порача од Брисел евроамбасадорот Ерван Фуере. Во меѓувреме ги упати и првите посериозни критики кон спроведувањето на реформите по добиениот позитивен извештај од страна на ЕК во октомври. Реформите треба да се спроведуваат во континуитет , не само пред клучните извештаи, изјави Фуере.
XS
SM
MD
LG