Достапни линкови

Владата усвои 31 закон предвидени за 2010 година


Владата на вчерашната седница усвои 31 закон од вкупно 103, што ги предвидува Националната програма за усвојување на законодавството на ЕУ за 2010 година. Вицепремиерот Васко Наумовски соопшти денеска дека нјаголем дел од законите се пренесени од Програмата за 2009 година, а се од областа на земјоделството, финансиите, транспорт, животна средина и други. Законите наскоро ќе се најдат во Собранието. Владата ги разреши и сите членови на Управниот одбор на Агенцијата за европски образовни програма, по злоупотребата на парите добиени од фондовите на ЕУ. Таа ги именуваше новите членови на одборот од кои побара во најбрзо време да се состанат за да го разрешат директорот на агенцијата Бошко Нелкоски.
XS
SM
MD
LG