Достапни линкови

logo-print

Балканот до 2014 во ЕУ - конкретизирана грчко австриската иницјатива


Австрија и Грција и предоа писмо на високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија Кетрин Ештон и на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата во кое се залагаат за прием на сите држави од Западен Балкан до 2014 година, на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна. Писмото е упатено врз основа на минатонеделниот договор во Атина на шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер и заменикот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас за конкретизирање на иницијативата на двете држави за интензивирање на приближувањето на државите од тој регион во ЕУ.
XS
SM
MD
LG