Достапни линкови

Блокадите на патиштата во Грција продолжуваат


Грачничниот премин Промахон на грчко-бугарската граница уште еден ден по ред останува блокиран, а грчките фармери изјавуваат дека се решени да ги засилат протестите.
Како резултат на блокадите на пунктот Промахон повторно формирале огромни редици од товарни камиони, бидејќи преку границата се пропуштаат само лесни возила кон и од Бугарија.
Затворени се исто така граничните премини Орменион и Дојран, а преку пунктот Ексохи се пропуштаат да преминуваат само оние што патуваат за Бугарија и лесни возила.
Фармерите соопштија дека остануваат на блокадите во Северна Грција и во областа Тесалија во централниот дел на земјата. Патот меѓу Солун и Атина исто така е блокиран во реонот на Никеја.
Автомагистралата Игнација продолжува да биде затворена.
XS
SM
MD
LG