Достапни линкови

logo-print

Порака од Аушвиц - Никогаш повеќе


Никогаш повеке, е пораката од церемониите во Полска на кои се одбележува меѓународниот Ден на жртвите на холокаустот. На централната манифестација во некогашниот концентрационен логор Аушвиц се присутни највисоки преставници на Европската Унија, на повеќе земји од светот, а Израел го преставува премиерот Бенјамин Нетанјаху. Овој ден се одбележува како сеќавање на 27 јануари 1945 година, кога војниците на советската Црвена армија го ослободија најголемиот концентрационен логор Аушвиц- Биркенау, од нацистичка Германија во 1940 година во окупираната Полска. Околу 1,1 милион лица, 90 насто евреи, беа убиени во овој логор. Нацистите за време на Втората Светска Војна убија 6 милиони евреи.
XS
SM
MD
LG