Достапни линкови

Македонија меѓу 5 - те земји со највеќе војници во Авганистан.


Македонска делегација, предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во Лондон ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на иднината на Авганистан на ниво на шефови на дипломатии на земјите членки на НАТО и на земјите учеснички во мировната мисија ИСАФ. На конференцијата, на која ќе присуствуваат и британскиот премиер Гордон Браун, претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, се очекува да биде промовирана „програмата за интеграција“ со која ќе и се помогне на владата во Кабул да изнајде начин за излез од сегашната состојба на насилство.
Македонија која учествува во мировната мисија во Авганистан од 2002 година, во февруари треба да испрати уште 80 војници во ИСАФ, со што ќе биде меѓу првите пет држави со најголем број војници во Авганистан, сметано по глава на жител.
XS
SM
MD
LG