Достапни линкови

Европарламентарците ќе гласаат за амандманите на Извештајот за РМ


Европскиот парламент денеска претпладне ќе гласа по амандманите на Извештајот за Македонија поднесени од словенечкиот европратеник Зоран Талер. Со нив, како што јавува МИА, се бара во март оваа година Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ и се повикува Брисел да асистира во преговарачкиот процес за спорот околу името. Во вчерашната едночасовна дебата во Европскиот Парламент посветена на Извештајот за напредокот на земјава, евроамбасадорот Ерван Фуере рече дека клучни работи на кои Македонија треба да работи во претстојниот период се наоѓање на решение за проблемот за името и подобрување на меѓуетничките односи.
XS
SM
MD
LG