Достапни линкови

Годишнина од ослободувањето на Аушвиц


Во некогашниот нацистички концентрационен логор Аушвиц денеска се одбележува меѓународниот Ден на сеќавање на жртвите на холокаустот. Во името на Европската Унија на комеморацијата ќе присуствува претседателот на Европскиот парламент Јержи Бузек, Полска ќе биде претставена од претседателот Лех Качински и премиерот Доналд Туск, а Израел од премиерот Бенјамин Нетанјаху. Овој ден се одбележува како сеќавање на 27 јануари 1945 година, кога војниците на советската Црвена армија го ослободија најголемиот концентрационен логор Аушвиц- Биркенау, изграден од нацистичка Германија во 1940 година во окупираната Полска.
XS
SM
MD
LG