Достапни линкови

Обраќање на Обама пред двата дома на Конгресот


Американскиот претседател Барак Обама во првиот говор за состојбата на нацијата ќе ги изнесе своите најавени мерки за помош на средната класа Американци, која, според него, е на удар веќе подолго време. Обама исто така ќе повика на тригодишно замрзнување на буџетската потрошувачка за многу домашни програми, како дел од стратегијата за зауздување на дефицитот. Со предлогот, кој нема да влијае врз потрошувачката за националната безбедност, би се заштедиле 250 милијарди долари за 10 години и би бил смален дефицитот во 2011 година за 10 до 15 милијарди долари. Обама ќе го предочи овој план вечер во обраќањето на заедничката седница на двата дома на Конгресот.
XS
SM
MD
LG