Достапни линкови

Проекти за едукација на ромите


Роми

Роми

Невладината организација ,,Даја" од Куманово продолжува со проектите кои имаат за цел подобрување на образовниот статус на припадниците од ромската заедница во Куманово. Ззголемување на бројот на децата во јавните општински установи, подобрување на еманципацијата на жената Ромка, се само дел од нивните проекти.

Подобрување на образовниот статус на припадниците од ромската заедница во Куманово, зголемување на бројот на децата во јавните општински установи, подобрување на еманципацијата на жената Ромка, се дел од проектите на ромската НВО „Даја“ од Куманово. Досегашните реализирани проекти покажуваат позитивни резултати што е причина повеќе да се продолжи со старите и да се работи на нови проекти. Според Емина Сулејмановска од „Даја“ досегашните активности го зголемиле бројот на децата вклучени во образовниот процес и во градинките, проект подржан од Министерството за труд и социјални работи.
Имаме и обуки за родова рамноправност во политиката,за политичката активност за жени и мажи


,,Дополнителни часови од првото до четвртото и од петтото до осмото одделение ќе продолжат во делот на образовниот процес, како и проектот медијаторство. Ново е тоа што проектот „Инклузија на ромските деца“ во Градинката „Ангел Шајче“ продолжува и во тековната година."

Вели Сулејмановска и додава дека во рамките на проектите наменети на жената Ромка ќе продолжат обуки на нови девојки и жени Ромки за јакнење на организационите капацитети за вклучување во јавниот и политичкиот живот.

,,Имаме и обуки за родова рамноправност во политиката,за политичката активност за жени и мажи."
Оваа година ќе се спроведе истражување за да се види колку жената Ромка е вклучена во политиката


А во таканречената женска програма:

,,Оваа година ќе се спроведе истражување за да се види колку жената Ромка е вклучена во политиката, колкав е нивниот број,а потоа на конференција ќе бидат презентирани овие податоци. На крајот ќе биде прикажан документарен филм од истражувањата од 2004 до оваа година."

Според Сулејмановска „Даја“ ќе има и студиски посети во соседните земји Србија,Хрватска и Бугарија, каде што со сродни невладини организации ќе бидат разменети искуства.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG