Достапни линкови

Вуд-инвазијата во Ирак во 2003 е нелегална


Советникот на британското министерство за надворешни работи во 2003 година смета дека тогашната американска инвазија на Ирак била нелегална. Мајкал Вуд денеска говорејќи пред комисијата која ја истражува војната соопшти дека употребата на сила во Ирак не била одобрена од Советот за безбедност при ОН, и немала друга правна основа според меѓународното право. Вуд соопшти дека тој тогаш ги советувал британските власти дека промената на режимот нема правна основа за започнување на војна. Поранешниот премиер Тони Блер ќе се појави на сослушувањето во петок.
XS
SM
MD
LG