Достапни линкови

Обама-снимката на Бин Ладен доказ за слабоста на Ал Каеда


Американскиот претседател Барак Обама соопшти денеска дека лидерот на Ал Каеда, Осама Бин Ладен со објавата на аудио снимката ја покажал својата слабост. На снимката која се појави во јавноста пред неколку дена Бин Ладен ја презема одговорноста за неуспешниот обид за терористички напад на еден американски авион за време на Божиќ. Обама смета дека преземањето на одговорноста од страна на Бин Ладен е индикатор за неговата слабост, бидејќи нападите не се секогаш режирани од него. Припадниците на Ал Каеда во Јемен претходно соопштија дека тие го организирале нападот на авионот.

XS
SM
MD
LG