Достапни линкови

Словенија ја подржува Македонија за членство во ЕУ


За време на шпанското претседателство со Европската Унија да се реши спорот со името и Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во унијта. Ова е заклучокот на министрите за надворешни работи на Македонија и Словенија по денешната средба во Љубљана. Словенечкиот министер Семуел Жбогар соопшти дека неговата земја може да и помогне на Македонија во создавањето на добра атмосфера за полесно решавање на спорот со Грција, но дека тоа прашање треба двете земји да го решат со помош на Обединетите Нации. Министерот Антонио Милошоски најави дека посредникот за спорот Метју Нимиц ќе ги посети Скопје и Атина на почетокот на март за да ги слушне ставовите на двете влади.
XS
SM
MD
LG