Достапни линкови

Црвен Крст-зголемена бројката на загинати цивили во Авганистан


Црвен Крст соопшти денеска дека бројката на загинати цивили во Авганистан е зголемена и дека медицинските тимови некогаш се директна цел на нападите. Тие бараат да се преземат мерки да се заштитат цивилите и да се почитува неутралноста на медицинските работници. Црвен Крст ги повика сите кои се вклучени во конфликтот да им обезбедат медицинска нега на повредените цивили. Обединетите Нации на почетокот на месецов соопштија дека над 2400 цивили го загубиле животот во Авганистан во 2009 година.
XS
SM
MD
LG