Достапни линкови

Русија со критики до Украина за одликувањето на Бандера


Русија упати критики до Украина за нивната одлука да му го дадат најголемото признание во земјата на националистот Степан Бандера. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека именувањето на Бандера за херој на Украина е неприфатливо. Бандера раководеше со украинските национални сили против германската и советската војска за време на Втората Светска Војна. Тој исто така беше предводник и на отпорот во Украина против Советскиот Сојуз во педестите години на минатиот век. Украинскиот претседател Виктор Јушченко во петокот бјави дека постхумно ќе биде одликуван Бандера.
XS
SM
MD
LG