Достапни линкови

Анкетите даваат различни податоци за рејтинзите на политичарите. Аналитичарите оценуваат дека маневарскиот простор на владата е намален и во однос на економијата и во однос на евро интегративните прашања. Тие очекуваат годинава рејтингот на власта да бележи пад.

Лошата економска состојба, големата невработеност и застојот во евроинтегративните процеси се главни причини поради к
Што може да се стори за тоа да се прекине? Мислам дека маневарскиот простор е смален и во однос на развојот на економијата и во однос на евро интегративните процеси и тоа е меч со две острици.
ои довербата во работата на владата ќе се намалува во наредните неколку месеци, велат домашните аналитичари со кои разговаравме.
Неодамна објавените анкети дадоа различни податоци за рејтинзите на политичките партии. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека, со оглед на бројните проблеми, треба да се очекува пад на довербата во владата.

„Што може да се стори за тоа да се прекине? Мислам дека маневарскиот простор е смален и во однос на развојот на економијата и во однос на евро интегративните процеси и тоа е меч со две острици.“

Дел од анализите велат дека довербата на граѓаните во работата на власта неминовно ќе се намалува во текот на годинава. Ако го реши спорот со името, власта ќе го изгуби ореолот на патриотизмот, а ако не го реши ќе губи доверба поради застојот во евроинтеграциите. Муслиу се согласува со тие тези, но нагласува дека падот на довербата нема да зависи само од однесувањето на владата, туку и од други домашни, но и меѓународни фактори.
Јас мислам дека тие сеуште не го нашле тој баланс со која варијанта помалку ќе изгубат. Јас мислам дека ќе ја изберат варијантата на нерешавање, затоа што таа ќе има пократкотрајни ефекти, односно може да им опадне популарноста, но имиџот на патриоти, промотори на националното прашање ќе го зачуваат и за во иднина, затоа што изборните циклуси доаѓаат и поминуваат

„Јас мислам дека тие сеуште не го нашле тој баланс со која варијанта помалку ќе изгубат. Јас мислам дека ќе ја изберат варијантата на нерешавање, затоа што таа ќе има пократкотрајни ефекти, односно може да им опадне популарноста, но имиџот на патриоти, промотори на националното прашање ќе го зачуваат и за во иднина, затоа што изборните циклуси доаѓаат и поминуваат.“

Резултатите од анкетата што ја спроведуваме на нашата Интернет страница makdenes.org, велат дека повеќе од половина од посетителите не ја подржуваат работата на владата. Сепак, во власта веруваат 40 отсто од посетителите. Анкетата не е на научна основа и се споведува само меѓу посетителите што сакале да одговорат на прашањето. Вредно е да се спомене дека на ова прашање има рекорден број одговори во однос на минатите анкети, што упатува на тоа дека е од огромен интерес за граѓаните.

Политикологот Марија Ристевска, пак, вели дека довербата во работата на владата ќе паѓа ако владата се откаже од европската реформска агенда. Ако изгубиме мотивација за приближување кон ЕУ и престанеме да ги спроведуваме реформите, може да се очекува пад на довербата, вели Ристевска.

„Добрите политики, доброто владеење во 2010 и покрај неспроведувањето на европската агенда и покрај недобивањето на датум за преговори и покрај недобивањето на членство во НАТО може да ја одржи довербата во власта во 2010 година.“

Според резултатите од последното истражување на јавното мислење од агенцијата на ЕУ, Еуробарометар, македонските граѓани повеќе веруваат дека ЕУ и САД ќе ги спасат од економската криза отколку Владата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG