Достапни линкови

Металургијата се опоравува


Светската економска криза негативно се одрази врз металургијата во Македонија. Според познавачите, рано е за преголем оптимизам, но годинава се очекува опоравување. Во рударството пак, работите одат кон подобро и некои рудници веќе го зголемуваат бројот на вработените.

Потенцијалниот раст на цената на металите на светските пазари ќе биде посебно поволно за Македонија и Србија, предвидува во својот последен извештај Европската банка за обнова и развој. На терен пак, се чини дека нема значајна промена на состојбите. Од
Нашиот производ сеуште нема тенденција на покачување на цените во моментот. Има благо зголемена побарувачка, ама сеуште не може да се донесе заклучок дека годинава ќе биде таква каква што тие зборуваат.
металуршката индустрија велат дека има индикации на подобрување на состојбата по шокот од светската криза но тешко дека ќе има опоравување токму во првиот квартал од годината. Претставници од рударската индустрија, пак, велат дека работите одат кон подобро а од синдикатите посочуваат дека рударството никогаш не било силно погодено од економските потреси.

Во металуршката гранка за сега има знаци на минимален раст, вели Александар Панов од „Макстил“.

„Нашиот производ сеуште нема тенденција на покачување на цените во моментот. Има благо зголемена побарувачка, ама сеуште не може да се донесе заклучок дека годинава ќе биде таква каква што тие зборуваат.“

Панов посочува дека тешко може да се очекува значаен раст во металургијата во првиот квартал од годинава

„Првите сигнали, позитивни или негативни ќе се знаат при крајот на првиот квартал.“

Во рударската индустрија се бележи напредок од крајот на минатата година до денес, вели Николајчо Николов, претседател на Рударската асоцијација на Македонија.

„2010 година во македонската обоена индустрија, конкретно во рудниците, се бележи значителен пораст, во смисла на подобрување на цените на пазарот и стабилизација на состојбите, така што може да се каже дека е видливо подобрување на состојбите во оваа индустрија.“

Николов додава дека од крајот на минатата година во рударскиот сектор има и нови вработувања

„Практично сите работници во македонските обоени метали се вратени на работа, дури и на одредени места, како на пример Бучим, бележи зголемување на бројот на вработени и ние 2010 година ја почнавме со 30-тина нови вработени.“
Значи, тие последици најмногу се почувствуваа во металургијата, тука имаме покрај намалено производство и затвоање на крупни капацитети.

Рударството не беше толку сериозно погодено од кризата како металургијата, посочува претседателот на синдикатот на металците и рударите.

„Значи, тие последици најмногу се почувствуваа во металургијата, тука имаме покрај намалено производство и затвоање на крупни капацитети.“

Како што со закаснување се осетија негативните ефекти од кризата, може да се очекува и закаснето опоравување од ударот, додава Ристевски

„Иако сите најави се дека годинава ќе биде подобра, меѓутоа почетокот за жал не стартува со оптимизам.“

Инаку догодинешниот економски раст од два проценти, како што веќе потврдија од Владата, е условен од успешното заздравување на металската индустрија, која претставува најголема извозна гранка во Македонија.
XS
SM
MD
LG