Достапни линкови

Потпретседателот на Венецуела си поднесе оставка


Вице-претседателот и министер за одбрана на Венецуела Рамон Каризалес си поднел оставка, јавија агенциите. Каризалес изјавил дека неговото повлекување е од лични прични и нема врска со какви било разијдувања со претседателот Уго Чавез. Оставка си поднела и сопругата на Каризалес, која беше министерка за животна средина. До оставките доаѓа откако вчера полицијата на Венецуела со употреба на солзавец ги растера демонстрантите кои протестираа против затворањето на кабелската телевизија која беше против Чавез.
XS
SM
MD
LG