Достапни линкови

logo-print

36 мртви во серија бомбашки напади во Багдад


Најмалку 36 луѓе го загубија животот, а 70 се повредени во три оделни бомбашки напади во главниот град на Ирак, Багдад. Полицијата соопшти дека една од експлозијата била пред хотелот Шератон кој се наоѓа покрај реката Тигар и е во близина на зелената зона. Останатите две експлозии се случиле неколку минути подоцна во близината на хотелите Вавилон и Хамра во центарот на градот. Неименувани официјални лица од ирачкото министерство за внатрешни работи соопштија дека нападите биле извршени со автомобил-бомби.
XS
SM
MD
LG