Достапни линкови

ОН-235 000 луѓе го напуштиле Порт о Пренс по земјотресот


Над 235 илјади луѓе го напуштија главниот град на Хаити, Порт о Пренс и побараа засолниште во руралните области кои се помалку погодени од земјотресот, соопштија денеска Обединетите Нации. Канцеларијата на организацијата за хуманитарна помош објави дека во камповите на улиците низ градот има околу 800 илјади луѓе. Во земјотресот што го погоди островот на 12 јануари загинаа најмалку 150 илјади луѓе, а околу пола милион од настраданите примија хуманитарна помош.
XS
SM
MD
LG