Достапни линкови

logo-print

Започна проценка на штетите од поплавите во Албанија


Околу 150 експерти од разни области денеска ја започнаа проценката на штетите од неодамнешните поплави во Северна Албанија. Најголеми штети се причинети во Скадар и Лежа, а беа поплавени околу 1100 хектари земјиште и 4000 куќи и евакуирани 5000 жители. Првичните проценки за штетите до 9 јануари изнесуваа 66 милиони евра. Албанскиот премиер Сали Бериша најави целосно обештетување на настраданите во полавите.
XS
SM
MD
LG