Достапни линкови

Новиот руски амбасадор пристигна во Украина


Новиот руски амбасадор Михаил Зурабов денеска пристигна во Украина. Рускиот претседател Димитри Медведев го назначи Зубаров на функцијата во август во минатата година. Тој ќе треба да ги нормализира односите меѓу двете земји, по обвинувањата на Медведев дека украинскиот претседател Виктор Јушченко води анти-руска политика. Руските официјални лица се надеваат дека ќе ги зајакнат односите со Украина, по изборот на нов претседател на земјата во наредниот месец. Кандидатите кои се борат за нов лидер на државата се сегашниот премиер Јулија Тимошенко и Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG