Достапни линкови

Пронајдени 20 тела од урнатиот етиопски авион


Околу 20 тела досега биле пронајдени од етиопскиот авион со 90 луѓе што се урна во Средноземно море, само неколку минути по летнувањето од аеродромот во Бејрут, јавуваат агенциите. Причината за несреќата се уште не е позната, но либанската полиција ја исклучи можноста од терористички напад и соопшти дека авионот веројатно паднал поради лошите временски услови. Повеќето од патниците биле од Либан и од Етиопија. Меѓу патниците била и сопругата на францускиот амбасадор во Либан. Авионот на Етиопијан Ерлајнз летал на линијата Бејрут, Адис Абеба.
XS
SM
MD
LG