Достапни линкови

Интензивирање на директните средби со Грција


Наскоро нова средба? Премиерите на Македонија и Грција Груевски и Папандреу
Наскоро нова средба? Премиерите на Македонија и Грција Груевски и Папандреу

Премиерот Груевски најави директна средба со премиерот на Грција Папандреу, а веќе в четврток се очекува и средба во Лондон меѓу министрите за надворешни работи Милошоски и Друцас. Според експертите, директните средби може да помогнат, но велат тие, за решение е потребна волја од двете страни.

Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц веќе подолго време не закажува средба со засегнатите страни а првите чекори коишто се најавуваат укажуваат на тоа дека наредниов период ќе биде обид да се интензивираат директните средби меѓу Македонија и Грција. Во тој контекст премиерот вчера најави средба со неговиот грчки колега а деновиве се очекува и одговорот на барањето од министерот за
Било кој да седне на иста маса со спротиставени ставови повеќе ќе се разбере и ќе се најде подрачје кое можеби ќе ги задоволи страните. Не велам дека тоа е голема можност, без сериозно попуштање или сериозен притисок врз една од страните во следните шест месеци не мора да значи дека ќе се најде решение.
надворешни работи Милошоски до заменик министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас. Одоговорот сеуште не е пристигнат но во министерството очекуваат дека ќе биде позитивен бидејќи како што велат грчката страна во последно време не ги одбива ваквите иницијативи се со цел да покаже воља да се изнајде решение. Вака демонстрираната волја според извори во македонското МНР е последица на се посилните притисоци на меѓународниот фактор за којшто двете страни потврдуваат дека перманентно постои. Макеодонската страна има интерес да се дојде до решение и во преговорите учествува со таа цел вели портпаролот на МНР Петар Чулев така што и од евентуалната средба Милошоски Друцас се очекува да се види дали има поместување на позициите. Експертите поделени околу смислата на директните контакти во вакви услови на крајно спротивставени позиции на учесниците во преговорите. Политикологот Здравско Савевски вели дека директните разговори ги отфрлаат претпоставките за позициите на другата страна и овозможуваат тие да станат појасни.

„Било кој да седне на иста маса со спротиставени ставови повеќе ќе се разбере и ќе се најде подрачје кое можеби ќе ги задоволи страните. Не велам дека тоа е голема можност, без сериозно попуштање или сериозен притисок врз една од страните во следните шест месеци не мора да значи дека ќе се најде решение.“

Професорот Мерсел Биљали се сомнева дека во најавените средби станува збор за чекори кон изнаоѓање конечно решение на спорот туку смета дека во најавите за продолжување на директните средби се глуми добра волја за домашната и за меѓународната јавност а дека во реалноста се одвива маркетинг.

„Тоа се рекламира како желба за преговори, и за овдешната и за меѓународната јавност. Но, фактот што интензивно се преземаат чекори што маркетишки наверуваат дека некој се подготвува за избори според мене тешко дека може да се изнајде решение.“

Премиерот вчера изјави дека сигналите од грчка страна засега не даваат многу надеж но остави простор преку нови средби и изложување на аргументи како што рече да се дојде и до нешто ново.
XS
SM
MD
LG