Достапни линкови

logo-print

Мировен договор со талибанците во Авганистан?


Командантот на НАТО силите во Авганистан Стенли Меккристал се надева дека зголемувањето на бројот на силите во Авганистан ќе ги ослаби талибанците до нивото на кое нивните лидери ќе мора да прифатат мировен договор. Во денешното интервју за Фајненшал Тајмс тој ја отвора и можноста талибанците во иднина да роководат со земјата. Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи деновиве објави план за придобивање на талибанците со тоа што владата ќе им понуди пари и работа. Карази се надева дека овој план ќе добие поддршка од Соединетите држави и Британија на меѓународна конференција за Авганистан што в четврток ќе се одржи во Лондон.
XS
SM
MD
LG