Достапни линкови

Министерски состанок на ЕУ за состојбата во БиХ


Шефовите на дипломатиите на Европската Унија на денешното заседание во Брисел ќе разговараат за состојбата во Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението на шпанското претседателство и Советот на министри на ЕУ. Министрите за надворешни работи на состанокот, на кој ќе претседава новата висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Катрин Ештон, планираат да преземат опипливи чекори со кои би се излегло од политичкиот застој во БИХ. Министрите ќе разговараат и за помошта на Хаити и испраќањето полициска мисија на тој остров, кој на 12- ти јануари беше погоден од катастрофален земјотрес. На состанокот ќе стане збор и за евентуални нови санкции против Иран поради техеранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG