Достапни линкови

Соработка во борбата против организираниот криминал во регионот


Државните обвинители на шест земји од западниот Балкан во Рим ќе потпишат дополнителен меморандум за разбирање во соработката во борбата против организираниот криминал и другите тешки злосторства. Меморандумот ќе го потшишат главните обвинители на Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Првата верзија на тој меморандум беше потпишана во 2005- та година и со тој документ е создадена регионална мрежа на обвинителствата во борбата против организираниот криминал.
XS
SM
MD
LG