Достапни линкови

logo-print

Средба Милошоски-Друцас?


Македонското министерство за надворешни работи упати барање до Атина за одржување на билатерална средба на шефот на дипломатијата Антонио Милошоски со неговиот грчки колега Димитрис Друцас. Доколу грчката страна одговори позитивно, средбата ќе се одржи на 28 јануари во Лондон на маргините на Меѓународната конференција за Авганистан. Милошоски на средбата би разговарал со Друцас за спорот со името, но и за други прашања, кои ги засегаат двете земји.
XS
SM
MD
LG