Достапни линкови

57 милиони долари собраа ѕвездите преку телефон за Хаити


Организаторите на хуманитарниот телевизиски маратон или телетон соопштија дека собрале 57 милиони долари за помош на настраданите во земјотресот во Хаити, што го погоди островот на 12 јануари. Хуманитарната програма траеше два часа и се емитуваше на телевизиите низ светот, како и он лајн на интернет. Светските ѕвезди како Џорџ Клуни, Бред Пит, Бионсе, Мадона и Брус Спрингстин ги охрабруваа гледачите да донираат пари за островот, по земјотресот во кој загинаа 200 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG