Достапни линкови

Куркулас-БиХ не ги исполнува условите за визно ослеснување


Босна и Херцеговина сеуште не ги исполнила сите услови за олеснување на визниот режим, соопшти шефот на делегацијата на Европската комисија во БиХ, Димитрис Куркулас. Тој смета дека усвојувањето и дополнувањето на кривичниот законик на парламентот на земјата е голем чекор, но дека има уште услови кои треба да бидат исполнети. Експертите на Европската комисија ќе ја посетат БиХ на почетокот на февруари.
XS
SM
MD
LG