Достапни линкови

logo-print

Талибанците убиле 6 мажи кои биле шпиони на САД


Пакистанските официјални лица ги пронашле телата на шесте мажи кои ги убиле Талибанците, бидејќи наводно биле шпиони на Соединетите Американски Држави. Телата на петте мажи биле оставени покрај еден пат во селото Камсароби во покраината Вазиристан, а телото на шестиот маж било пронајдено во селото Џутабхел. Локалната полиција соопшти дека Талибанците оставиле пораки на телата на убиените на кои пишувало дека се шпиони на САД и дека им помогнале во извршувањето на ракетните напади против нив.
XS
SM
MD
LG