Достапни линкови

На Хаити пронајден преживеан 11 дена по земјотресот


Единаесет дена по земјотресот во Хаити, спасувачките екипи извлекоа жив 24 годишен маж, под урнатините на еден хотел. Некои спасувачки екипи сеуште трагаат по преживеани, иако ОН вчера соопштија дека властите на островот решија да ги прекинат спасувачките операции. Околу 200 илјади луѓе го загубија животот во земјотресот што го погоди Хаити на 12 јануари со интензитет од 7 степени според Рихтеровата скала.
XS
SM
MD
LG